Денес се изврши уредување на вегетацијата во ОУ „Св. Климент Охридски” во стариот дел од градот, со косење на израснатата трева во дворот на училиштето и околу игралиштето, пред почетокот на школската година.
Други екипи беа ангажирани на уредување во населбата „Гоце Делчев” (бараки), на косење на тревата покрај патот и кастрење на неуредната вегетација заради зголемена прегледност на возачите и безбедност на пешаците.