Традиционален марш Аргир Маринчев

Здружението на граѓани „Свети Василиј“ и Советот на месната заедница од с. Куратица соопштуваат дека по повод 113 годишнината од битката кај Рашанец ќе се организира посета-марш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници.

Маршот е закажан за вторник , 13ти септември со почеток  8,30од сретселото Куратица. Запознавање со детали од настанот од 1903, одржување на говор (историски час) кај местото на загинувањето на војводата Аргир Маринче и неговите востаници-сожртви, како и делење храна и пијалок за учесниците на маршот.

Поради конфигурацијата на теренот препорачливо е учесниците да носат соодветни обувки и облека, како и ранец за храна и пијалок.

mars 4

Храна и пијалок е организирана од страна на  организаторот.

Должината на маршот е околу 6 километри (во еден правец). Маршот годинава е потпомогнат од Локалната самоуправа од Охрид.

Инаку, Битката кај Рашанец е најголемиот настан во охридско, кај народот познат и како втор „Мечкин Камен“. На ова место 117 оружани востаници (со примитивно оружје и недоволно муниција) воделе нерамна борба со безмалку три илјаден турски аскер.

mars 3