Средба на министерот Поповски со заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Пол Едвардс

На денешната средба министерот без ресор Роберт Поповски и заменик амбасадорот Пол Едвардс, разговараа за заложбите на новата Влада на Република Македонија кон отвореност и целосна транспарентност на сите институции кон граѓаните на земјава.

Министерот Поповски, на средбата ги најави медиумските реформи предвидени во рамките на планот 3-6-9 во насока на забрзување на евроатланските интеграции на земјава. Заменик амбасадор Едвардс изрази поддршка и најави конкретна помош во насока на зајакнување на комуникацијата на владините институции кон граѓаните. На предлог Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој во моментов е во фаза на јавна дебата и се очекуваат забелешките и дополнувањата од страна на граѓанските организации кои се транспарентно вклучени во процесот, по што предлог законското решение ќе биде ставено на дневен ред на седница на Влада.

Британската амбасада во земјава го поздрави преземените мерки за одржување неделни брифинзи со медиуми кои секторот за Комуникации ќе ги оддржува после секоја редовна владина седница, како и најавата дека сите министерства наскоро ќе ја започнат оваа практика.