Премиерот Заев на неформална средба на претседателите на влади на земјите на Западен Балкан во Драч
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, 26 август 2017 години, ќе учествува на Неформалната средба на претседателите на влади на земјите на Западен Балкан посветена на регионалната интеграција, што ќе се одржи во Драч, Република Албанија.
На оваа средба, на која домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан. На состанокот ќе учествуваат и Високиот комесар за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан и Потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.
Средбата во Драч е во рамките на Берлинскиот процес за поддршка на земјите од Западен Балкан за нивните евроинтеграциски процеси.