Заврши Самитот во Драч: Политичката волја за продлабочување на регионалната соработка ќе добие конкретна реализација, премиерот Заев најави дека Македонија продолжува со конструктивната улога во процесите
Постои силна политичка волја за продлабочување на регионална соработка меѓу државите од Западен Балкан што ќе го унапреди економски квалитетот на живот на граѓаните и ќе придонесе кон евро-атлантските интеграции, сега треба да се преземат конкретни чекори за тоа да се постигне, е заокружено на последната сесија на Самитот во Драч.
Премиерите на земјите од Западен Балкан: Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и претседавачот со Претседателството на БИХ, на Самитот на којшто учествуваа и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан и заменик претседателот на Светска банка, Кирил Милер и регионални претставници на Светска банка договорија конкретни чекори за имплементација на Акцискиот план за Регионалната Економска Област договорена на Самитот во Трст. Ќе се воведе редовен систем за следење на имплементацијата на Планот, под директен надзор на политички претставници на премиерите на земјите од регионот.