Македонската кошаркарска федерација кон крајот на минатата календарска година одново ја доби довербата на ФИБА да организира едно првенство во Република Македонија. Овој пат тоа беше првенството за кошаркарки до 16 години, дивизија Б на кое и наша селекција зема учество. Одбрани беа спортските центри „Јане Сандански“ и „Борис Трајковски“ за одигрување на натпреарите, како од групната фаза, така и од нокаут фазата, но и од разигрувањето за пласман.
Натпреварите непречено се одигруваа почнувајќи од 17. август, па сè до 26. август. Сите кошаркарки демонстрираа енергично се бореа до последниот ден. Македонската кошаркарска сака да им се заблагодари на сите инволвирани лица за нивната посветеност во ангажаманот со чија помош ова првенство беше успешно организирано!
Девет дена полни со активности, во и надвор од теренот, кои водеа до крунисување на селекцијата на Данска за шампион во оваа дивизија.
Според одлука на централниот одбор при ФИБА, оваа година само две селекции добија промоција во дивизија А. Литванија в година ќе биде организатор на континенталниот собир, поради што ова лето беше репрезентацијата од Балтикот беше безбедна од испаѓање во понизок ранг. Тоа значеше промоција на двете репрезентации кои во Б дивизијата играа во финалето – Данска и Белгија.
Третото место и припадна на селекцијата на Грција.
Македонската кадетска репрезентација го освои 17. место во оваа дивизија откако првата групна фаза ја заврши како петтопласирана.
Наградата за „fair-play“ замина во рацете на кошаркарките од Молдавија кои го освоија последното место на првенството и в година ќе се натпреваруваат во дивизија Ц. Признанието за MVP на првенството замина в рацете на Максуела Лисова Мбака од Белгија која ја рпедводеше и „All Star“ петорката во која се најдоа и кошаркарките Сам Ван Бугенхоут од Белгија, Малене Педерсен од Данска, Авак Куиер од Финска и Јоана Хацилеонти од Грција.