На 25.08.2017 година во просториите на Природно Математичкиот Факултет во Скопје, се одржа Селекционен натпревар по природни науки.
Учениците од нашето училиште, ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, Драгана Усовиќ (8 одд) и Христина Митреска (9 одд), зедоа учество на истиот, како ученици кои на Државниот натпревар по физика за учебната 2016/2017 година постигнаа високи резултати, под менторство на наставничката Вера Зороска.
Во текот на летниот период учениците интезивно работеа и беа насочувани од страна на нивните ментори Вера Зороска и Владо Андрески.
„Особено сме среќни и горди, како училиште, што ученичката Христина Митреска, влезе во тимот на шестте најдобри ученици, кои ќе ја претставуваат државата (по прв пат) на 14-тата Јуниорска олимпијада по природни науки, Арнхем и Најмеген (Холандија), која ќе се одржи на 3-12 декември 2017 година.“- информираат од училиштето.
ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, менторите и целиот колектив и во иднина ќе продолжат да ја следат, помагаат и подржуваат ученичката Христина Митреска, во секој поглед и насока, со цел поуспешно претставување не само нејзино,туку и на училиштето, градот и државата.