Денес дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, беа ангажирани на уредување на повеќе локации. ОУ „Христо Узунов” хортикултурно се уредуваше, се косеше тревата во дворот и се кастреше неуредната вегетација пред почетокот на школската година. Се чистеше отпад и се косеше тревата на тротоарите околу училиштата „Братство Единство” на ул. Стив Наумов” и на ул. „7ми Ноември”, како и околу градинката на ул. „Пере Тошев”, а освен тие улици беа опфатени со косење и чистење и улиците „Ариф Мустафа”, „Аџи Мустафа”, „Бистрица”, „Шар Планина” и „Никола Петров Русински”.