Хортикултурно се уредуваше во ОУ „Христо Узунов“ и се расчистуваше кај ОУ „Братство Единство“, како и улиците околу нив

Денес дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, беа ангажирани на уредување на повеќе локации. ОУ „Христо Узунов” хортикултурно се уредуваше, се косеше тревата во дворот и се кастреше неуредната вегетација пред почетокот на школската година. Се чистеше отпад и се косеше тревата на тротоарите околу училиштата „Братство Единство” на ул. Стив Наумов” и на ул. „7ми Ноември”, како и околу градинката на ул. „Пере Тошев”, а освен тие улици беа опфатени со косење и чистење и улиците „Ариф Мустафа”, „Аџи Мустафа”, „Бистрица”, „Шар Планина” и „Никола Петров Русински”.