Средба на Кирацовски со делегација на ДС од Р.Србија

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во придружба на Шефот на изборниот штаб Миле Зечевиќ денеска оствари средба со делегација на сестринската партија, Демократска странка (ДС) од Република Србија предводена од претседателот на партијата Драган Шутановац, во придружба на Горан Ќириќ, шеф на парламентарната група, Радослав Милојчиќ, претседател на Извршниот одбор на партијата, Александра Јерков, меѓународна секретарка и пратеничка и Горан Јаиќ, секретар на партијата.

На средбата која што беше уште една во низа од средбите помеѓу двете сестрински партии, беа разменети мислења околу актуелната политичка состојба во двете држави, како и за потребата од проширување на соработката помеѓу двете партии, како и со останатите партии кои се дел од Партијата на европските социјалисти.

Заеднички беше потенцирана важноста од дополнително зближување помеѓу двете партии и граѓаните на двете држави. Истовремено беше разгледана можноста за интензивирање на соработката помеѓу СДСМ и ДС во претстојниот период, како и размена на искуства во организацијата и делувањето на двете партии коишто делат слични вредности и визии.