60 милиони денари за локален туризам и граѓани со ниски примања

Владата на Република Македонија во соработка со Министерството за економија, усвоија програма со која се овозможува финансиска поддршка за домашниот туризам преку насочување на средства од Буџетот на Република Македонија.

Бенефитите од оваа мерка се директни и овозможуваат користење на субвенциониран годишен одмор на работниците кои имаат ниски приходи, но и продолжување на туристичката сезона во текот на месеците септември и октомври. Директната цел на мерката е раздвижување на туризмот во Македонија, но и директна помош и поддршка за домашните туристички капацитети.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Макеоднија ја поддржува оваа иницијатива и воедно ги охрабрува работниците и стопанствениците на приватните туристички сместувачки капацитети да се пријават на јавниот повик кој е распишан од страна на Министерството за економија на следниот линк:

http://www.economy.gov.mk/vest/134