Претседателот Иванов даде помилувања на 45 осудени лица по повод 2-ри август

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод 2-ри Август 2015 година – Националниот празник на Република Македонија, даде помилување на 45 осудени лица, од кои 7 потполно, а 38 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.