Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕијас.
На средбата се разговараше за односите меѓу двете држави, за актуелната политичка состојба, како и за состојбата со мигрантите и повеќе заеднички предизвици од регионален контекст.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека партијата се залага за развивање на добрососедска политика базирана на принципиелна основа и меѓусебно почитување.
Груевски посочи дека мерките за соработка и градење на доверба меѓу двете држави кои ги воведе и започна владата на ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за релаксирање на заедничките односи и дека истите треба да бидат продолжени од актуелната влада.
Oд страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека стратешки интерес преставува членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО алијансата за што во изминатиот период беа направени бројни реформски процеси и достигнувања во повеќе сфери.
Соговорниците разменија искуства и мислења за проблемот со мигрантите кој што останува регионален предизвик чиј што интензитет во иднина може да предизвика последици за земјите во регионот.