Претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна:
„Струмица ја продолжува вековната традиција, секако и 25 години организирана форма на струмичкиот карневал.
Синоќа со концертот организиран од основното музичко училиште “Боро Џони” и уметничката галерија, односно претставувањето на сликите од минатогодишниот карневал, започнаа карневалските манифестации.
Вечерва е познатиот стримички маскембал, каде што цела Македонија преку вас медиумите, ќе може да ги види прекрасните креации на струмичани, кои со многу труд, многу љубов, ја негуваат традицијата којашто потекнува од нашите поколенија.
Секако тримерските обичаи се нешто со коешто се гордеат струмичани. Овие карневалски денови очекуваме да бидат врв на организацијата на струмичани во форма на струмички карневал.
Јас сум истовремено и политичар, водам во моментов пресериозен процес во Република Македонија, а маската понекогаш претставува искривување на реалноста. Заради тоа оваа година, почитувајќи ги традициите на струмичани, сум традиционално гостин на маскембалот во Струмица, но овој пат без маска.“– изјави Заев.