ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на Лескоец, но и охриѓани знаат да препознаат дела наспроти создадениот хаос

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:

Почитувани,

Дефинитивно ваквите штури соопштенија со лаги коишто очигледно се напишани како резултат на насоката од централата за присуство во јавноста и покажување определена активност, се бледи и комплетно дезориентирани по сите основи од тие што Охрид го сместија на листата на најзадолжени градови во Светот.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Никола Бакрачески секогаш се водат од делата и работата која носи успех и подобро утре. Изградени се 64 водоводни системи во должина од 20 км и 86 патишта во должина од 35 км на територијата на Охрид.

Очигледен е стравот и фактот дека не сте излегле на терен и не сте се сретнале со граѓаните за да ги слушнете и да ви ја кажат вистината.

Една од најфреквентините улици токму во с. Лескоец, „Илија Смически“ доби нов современ лик. Во должина од 1100 метри и ширина на коловозот од 3 до 4.5 метри. На асфалтирањето му претходеше нова фекална канализација по должината на патот и поставување нов тампон.

Асфалтирани се и три краци од улицата „Илинденска“. На оваа јавна површина асфалтирани се: Крак 1 со должина од 378 метри квадратни, Крак 2 должина од 408 местри квадратни, крак 3 со должина од 719 метри. На улица Илиндеска асфалтирани се вкупно 1505 метри квадратни. Вкупната вредност на проектот е 1 970 516 денари.

Во насока на подобрување на водоводниот систем се вршеше изведба и реконструкција на водоводна линија во с. Лескоец прва фаза и втора фаза во должина од по 500 м и Ф-160. Следи и трета фаза и со овој проект засекогаш ќе исчезнат проблемите со водоснабдувањето во с. Лескоец.

И во поглед на фекалната атмосферска канализација ВМРО-ДПМНЕ секогаш мисли за граѓаните, па така во с. Лескоец исто така е реализирана изградбата на новата фекална канализација на територијата на целото село.

Кога сме кај селото с. Лескоец господа од СДС излезете и кажете еден ваш проект таму или дали отворивте детска градинка во Лескоец?

Жителите на Лескоец, но и сите охриѓани знаат да препознаат дела наспроти создадениот хаос и нема да дозволат други луѓе лицемерно да одлучуваат за нивниот живот затоа на 15 октомври ќе им го зададат последниот удар со тоа што ќе ја поддржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ прекиу победа на локалните избори а ќе биде продолжување на нивниот пораз.“- стои во реакцијата.