Генералниот секретар Александар Кирацовски, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот Курбан Бајрам.
„Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам од име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име, на вас и на сите верници коишто го празнуваат. Празничните мигови нека донесат духовен мир, слога, почитување, благосостојба и заедно сплотени да останеме на патот кон вистинските вредности. Заедно да ги славиме и да ги негуваме солидарноста, толеранцијата и меѓусебното почитување во Република Македонија како темели за напредна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани.“ – стои во честитката на Кирацовски.
„Нека ви е среќен Курбан Бајрам на сите кои го празнувате, почитувани сограѓани!“ додаде Киравоски.