Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод празникот Курбан-Бајрам

По повод празникот Курбан- Бајрам, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до сите граѓани од муслиманска вероисповед.

„Најискрено Ви го честитам големиот верски празник Курбан-Бајрам и Ви посакувам да го поминете во празнична атмосфера, да имате добро здравје, среќа, слога и бериќет во Вашите семејства.

Празнувањето на Курбан- Бајрам е славење на солидарноста, хуманоста и грижата кон најблиските, потсетник за секој исламски верник за правење на добри дела, за почитување на семејството, соседите и пријателите, за грижа кон оние на кои им е најпотребна помош и подадена рака, за разбирање, за смиреност и толеранција. Тоа се вредности, кои се присутни во секоја религија и претставуваат пример за потребното човечко однесување и за вистинските морални вредности. Курбан-Бајрам е празник на кој, во атмосфера на меѓусебно почитување и разбирање се слават добрата мисла и добрите дела, вредности кои придонесуваат за реален соживот и просперитетот на нашето општество“ – се вели во честитката на градоначаникот Никола Бакрачески, по повод верскиот празник Курбан- Бајрам.