Свикана седумдесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е  ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 07.09.2017 година (четврток) со почеток во 11,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог Заклучок за прифаќање на Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво.

2. Предлог Одлука за распишување на референдум на локално ниво.

3. Предлог Одлука за потребата од прогласување на стариот чинар (platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ како „споменик на природата“ и усвојување на елаборатот за валоризација, санација и ревитализација на чинарот (platanus orientalis) на плоштад „Чинар“.

4. Предлог Одлука за исправка на Одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид.

5. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште.

6. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2479/1 и Кп.бр.2480 КО Коњско.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска