СВР Битола и Државниот инпекторат за земјоделство во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 01 и 02.09.2017 година, презедоа заедничка акција за пронаоѓање на насади и обработка на тутун од типот „Вирџинија“, кои не се пријавени и немаат договор со регистрираните откупувачи, а согласно Законот за тутун не смеат да се произведуваат.
Врз основа на добиени наредби за претрес од Основниот суд Битола, извршени се претреси кај пет физички лица и кај едно правно лице во село Могила и притоа се пронајдени и одземени вкупно 24 826 кг. тутун тип „Вирџинија“. Исто така се пронајдени и шест ниви со насади на тутун од типот „Вирџинија“.
Од страна на Државниот инспекторат за земјоделство се издадени пет платни налози во износ од 1000 евра за пет физички лица и еден платен налог во износ од 20 000 евра за едно правно лице или вкупно 6 платни налози во износ од 25 000 евра. Истовремено од страна на Државниот инспекторат за земјоделство издадени се три решенија за разорување на ниви , а во постапка се издавање на уште три решенија за разорување на ниви насадени со тутун од типот „Вирџинија“.
Во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство СВР – Битола ќе продолжи со превземање на мерки и активности за откривање на нови случаи со насади на тутун од типот „Вирџинија“ согласно Законот за тутун и чл. 276 од КЗ на Република Македонија.