Сенароден протест за враќање на насилно одземениот сувернитет

На 05.09.2017 година (вторник), во 18:30 часот, како продолжение на започнатите протести/протестни барања во Охрид, во месец јули, о.г., пред Собранието на Република Македонија, во паркот ,,Жена борец,, на просторот помеѓу споменикот на АСНОМ и споменикот на ,,Паднатите херои за Македонија,, , ќе започне мирниот творечко-сенароден протестен собир, со што ќе почне одвивањето и заедничкото создавање на творечко-сенародно мултимедијално и интерперсонално дело/перформанс ,,Вистината за Македонија,, амбиентално дело – интервенција во простор.

ГИ ПОВИКУВАМЕ сите творци, родољуби, носители и бранители на државниот суверенитет, здруженија на граѓани, народни асоцијации, тела, иницијативи, ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ВО СЕНАРОДЕН ПРОТЕСТ, СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОТЕСТНИ БАРАЊА ( СО СОЧИНУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКА ЛИСТА, со свој претставник за организирање на здружените протести и протестни барања) и ЗДРУЖЕНО ДА СЕ КРЕНЕМЕ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН СУВЕРЕНИТЕТ.

Сите СРОДНИ народни и граѓански иницијативи, барања, претставки, тужби и сл. ПРИНЕСЕТЕ ГИ пред македонскиот и цивилизацискиот и олтар, и така собрани на ЕДНО МЕСТО, ЌЕ СЕ ДОКУМЕНТИРААТ И ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНИЧКА НАЦИОНАЛНА МАКЕДОНСКА ПРАВНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ВО (ПРОЦЕСОТ НА ) ПРАВЕДНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ЗА СОЧУВУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ ИДЕНТИТЕТ, СУВЕРЕНИТЕТ И ИНТЕГРИТЕТ, НА НАЦИОНАЛНО И НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНО РАМНИШТЕ.

Сенародниот протест ќе се одржува секои: вторник, петок и сабота, од 18.30 -20.30 часот, пред Собранието на Р.М., во паркот ,,Жена борец,, до споменикот на АСНОМ

– принесување на прилози, творечко-граѓански мисли, ставови, барања, испишани на амбалажни кутии, симболично доставени до Собранието на Р.М. и Пред цивилизацискиот и македонскиот олтар (кои секојдневно ќе може граѓаните да ги оставаат во паркот до споменикот на АСНОМ), односно копија од истите, во пишана форма, ќе можат да достават до организаторот,

– мирни говорни спонтани обраќања на граѓани, кои имаат потреба од тоа/ на тој начин да го изразат својот став, мислење, барање, протест, револт, несогласување, отпор . . .

Протестниот творечко-сенароден перформанс, во изразна форма на интервенција во простор, ќе се одвива/создава секој ден, во текот на целиот ден во паркот ,,Жена борец,,:

– поставување на амбалажна хартија на стеблата во паркот, на кои творците и граѓаните ќе ги пренесуваат своите креации во форма во која тие чувствуваат (цртежи, текстови, колажи и др.).

– Поставување на амбалажни кутии, на кои се залепени/аплицирани текстови, барања и пораки во текстуална или во друга изразна форма

– Потпишување на пристапници во Движењето на македонските носители и бранители на државниот суверенитет Единствениот пат.

Поставените елементи, на поставката, не е дозволено/не смее на никаков начин да се дислоцираат, отстрануваат, оштетуваат или уништуваат, за што ќе следат кривични пријави за оштета на авторско и уметничко/дело.

Перформансот/протестот ќе продолжи да се одвива сѐ додека не се прифатат и не се постапи по протестните барања.

Организатор на сенародниот протестен перформанс се здруженија на граѓани и граѓански движења, Здружението на граѓани Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствен и возвишено живеење “ПРЕРОДБА” , Движењето за граѓанско –цивилизациски вредности, Единствениот пат – граѓанско движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет.

Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив сенароден цивилизиран собир и протест против наметнатите непринципиелни, узурпаторски, диктаторски и геноцидни политики спрема македонскиот народ и македонската држава, упатуваме апел до граѓаните своето граѓанско и цивилизациско право да го изразат достоинствено, цивилизациски и секој граѓанин учесник во овој мирен цивилизиран протест, кој е од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите и да го запазува и да не го нарушува јавниот ред и мир.

За организаторите

Здружение на граѓани “Преродба”

Претседател Ана Бобинкова Мијаковска

Движење за граѓанско-цивилизациски вредности

Единствениот пат – Движење на македонските

носители и бранители на државниот суверенитет

Мултимедијален уметник Ристо Мијаковски

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.