Битолчанец заработи кривична пријава поради противправно лишување од слобода и телесна повреда

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ч. (34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода” и „телесна повреда“.

На 30.07.2017 година околу 12:00 часот, на ул. „А.Јованоски” во Охрид, каде престојувала С.П. (36) од Битола со нејзините малолетни деца, била физички нападната и се обидела да избега и побара помош. Таа била спречена од пријавениот, кој ја заклучил влезната врата од куќата и не им дозволувал на оштетената и нејзините малолетни деца да ја напуштат куќата.