Општина Охрид свечено ги одбележа двата значајни празници, 9-ти Мај, Денот на Европа и 9-ти Мај, денот на победата над фашизмот. На спомен обележјата во Паркот на револуцијата букети свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид, Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна, политички партии и поединци почитувачи на револуционерната борба.
„Големи биле страдањата на сите светски народи во Втората светска војна. Милиони луѓе загинале на боиштата и во концентрационите логори, или се здобиле со траен инвалидитет. Република Македонија во антифашистичката војна дала свој огромен придонес, а во борбените дејства животот го загубиле околу триесет илјади македонци. Денешниот ден не смееме да го заборавиме. На сите оние кои го дале животот за слободата, нека им е вечна слава“, истакна заменик–градоначалникот Ангел Јанев во својата пригодна реч.