Играј баскет со Локалната

Во духот на промоција на спортот и здравите животни навики, а со цел да се возобноват спомените на поранешниот градски полигон, Општина Охрид ги поканува граѓаните на настанот „Играј баскет со локалната“. Настанот ќе се одвива утревечер (вторник, 5.09.2017 г.) со почеток во 20 часот на новоизграденото повеќенаменско игралиште кај Економското училиште- СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“, ул. „ Мите Богоевки“ бр.2.