Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров ќе учествува на Неформалниот состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ и Бледскиот Стратешки Форум.
Во рамки на редовните активности на претседавањето со Процесот за соработка во ЈИЕ на Словенија, делегација од Република Македонија предводена од МНР Никола Димитров, на 5 септември 2017 година на Блед ќе учествува на Неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ, како и на традиционалниот Бледски стратешки форум.
Се очекува на состанокот МНР Димитров да ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во регионот. Воедно, се очекува Словенија да ги презентира приоритетите на нивното претседавање под мотото “SEE4FUTURE” како и да бидат разменети мислења за годишната агенда на нивното претседавање. МНР Димитров ќе се обрати и на Бледскиот стратешки форум на тема Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ и ќе оствари повеќе билатерални средби за време на неговиот престој на Блед.