Во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ подготвени ја дочекавме новата учебна година, со направени санирања и молерисување на ходниците и училниците во училишната зграда. Подготвена е една просторија за потребите на практичната настава во машинската струка, уредување на училишниот двор и поставување на клупи во истиот, изјави за WebOhrid директорот на училиштето Јане Цаноски.
„Соработката со социјалните партнери пред се со КОСТАЛ Македонија и ЛТХ Леарница ќе продолжи и оваа година со заедничка реализација на практична настава, презентација на активности, обука на наставниот кадар и донирање на нагледни средства.
И оваа година се планирани проекти во рамките вон наставните активности: учество на меѓународниот проект Балкан Јуниор кој оваа година ќе се одржи во Лабин Република Хрватска за ученици од електротехниката и машинската струка на кое учество ќе земат најдобрите ученици од нашето училиште, како и планирани посети на збратимените училишта од Република Турција, Србија и Словенија.“ – додаде Цаноски.
Дирекотот Цаноски на сите ученици им посакува многу здравје и успех во новата учебна 2017-2018 година.
Инаку, во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во прва година запишани се вкупно 157 ученици.
Ангел Андриоски