Повеќе од 20.000 првачиња ќе седнат во училишните клупи во новата 2017/2018 година, која наместо традиционално на 1-ви септември, со одлука на Министерството за образование и наука започнува денеска.
Бројката запишани првачиња според досегашните податоци со кои располага Министерството за образование и наука, изнесува 20.437 првачиња. Од нив наставата на македонски јазик ја следат 13 218 ученици, на албански јазик 6419 ученици, на турски 738, на српски 16 ученици и 46 на босански јазик.
Во средните училишта се запишани вкупно 17364 ученици во прва година, од кои настава на македонски јазик ќе следат 13 349 ученици, на албански јазик, 3765 ученици и на турски јазик 144 ученици, додека пак, 106 ученици по втор пат се запишани во прва година.