Министерот Спасовски во посета на СВР Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Охрид во склоп на посетите што се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталната состојба и проблемите со кои се соочуваат.

„Разговаравме за новите принципи на работа на полицијата, пред се транспарентното и одговорно работење. Безбедносната состојба е добра, но се работи и да се подобри, се со цел граѓаните на Охрид и околината да бидат задоволни од работата на македонската полиција и од безбедноста“ – рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите по посетата на СВР Охрид.

Еден од клучните проблеми во СВР Охрид е недостатокот на кадар, но договорени се мерки со кои ќе се реши и обој проблем.

„Можеме да бидеме задоволни од начинот на работа, но тоа постојано треба да се надградува. Ги повикувам и граѓаните да соработуваат со македонската полиција“ – рече министерот Спасовски.