Одбележана осумгодишнината од бродската несреќа во Охрид

Денес се навршуваат осум години од потонувањето на бродот “Илинден“ – најголемата бродска несреќа во Охридското Езеро, во која животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија. По тој повод, делегација на Општина Охрид, Бугарскиот конзул во нашата земја Веселин Богданов, претставници на Бугарскиот културен центар од Скопје и членови на Здружението “5 Септември“, положија свежо цвеќе пред спомен обележјето во градскиот парк.

Бродот “Илинден“ потона пловејќи од Охрид кон Св.Наум, на 250 метри од брегот, во близина на автокампот “Елешец“.