ПОПГМ отвора Канцеларија во Охрид

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), во среда, 6. септември, во 19:00 часот, организира свечен коктел, дружење и размена на искуства, по повод официјалното отворање на Канцеларијата на Општинската организација во Охрид.

Канцеларијата – седиштето на Партијата е на Туристичкиот Булевар, во објектот – 2Мини базар” на „Гранит”, наспроти ОУ „Григор Прличев”.

Примарниот фокусот на делувањето на ПОПГМ се грижата и унапредувањето на статусот и позицијата на полулацијата од такавиканото “третото доба”, но со своите програмски определбни, е подеднакво отворена за сите грагани, без разлика на старосно доба, социјален статус, верско убедување и национална припадност.

Кога станува збор за Охрид, ова е од особено значење, бидејќи градот, сам по себе, е значаен не само за овдешните пензионерите, односно за полулацијата од “третото доба”, туку и од целата земја.

Најнапред со убавините, уреденоста на градот со парковските површини и цветните алеи, каде најчесто заседнуваат постарите, но и поради големиот број викендици и викенд становите каде, надвор од шпицот на сезоната, престојуваат постарите лица, па се до тн. здравствен туризам, односно можностите што градот институционално ги пружа на тој план: Кардиолошкиот центар, каде на пост – оперативно закрепнување и опоравување, доагаат главно пензионери од целата земјата, односно Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”.

Охрид, со скорешното започнување на изградбата на Домот за стари лица , се стекнува со нова димензија, затоа што изградбата не е значајна само од локален, туку и од национален – општо државен, па и интернационален аспект, затоа што Домот, со својот капацитет, опременоста и високото ниво на услугите што ќе ги пружа, заедно со градот и крајезерскиотвамбиент, ќе биде привлечен и за популацијата од “третото доба” во Европа и светот.