Донирани канцелариски столчиња во ОУ „Христо Узунов“

Денес ОУ „Христо Узунов“ доби голема донација од канцелариски столчиња. Имено со оваа донација ќе се променат столчињата во наставничката канцеларија и ќе се подобри амбиентот за работа на наставниот кадар, информираат од училиштето. Донацијата е од реномираната Фондација Елена Лука од Скопје, а во вредност од околу 50 000,00 денари.

Директорот на училиштето, Тони Симоновски искажа голема благодарност до Фондацијата Елена Лука и го посочи овој пример да биде поттик и за другите компании да вложат во школите, бидејки секој влог во школувањето на учениците и подобрувањето на условите за работа во училиштата е се подобро школување и подобро пренесување на знаењета од страна на наставниците на учениците.