Македонија и Унгарија подготвени за културна соработка на повисоко ниво

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денес оствари средба со амбасадорот на Унгарија во нашата земја, Ласло Дукс.

Во разговорот, кој се одвиваше во мошне пријателска атмосфера, се разменија мислења за квалитетот и интензитетот на досегашната соработка. Министерот Алаѓозовски изрази подготвеност соработката да се подигне на уште повисоко ниво и да се соработува стратешки за поголеми проекти. Амбасадорот Дукс ја истакна можноста Република Македонија да биде една од земјите во која ќе се реализира познатата меѓународна програма “Унгарска културна сезона”.

Се разговараше и за други конкретни проекти и начини на културна соработка, вклучувајќи го гостувањето на унгарски артисти на Фестивалот на филмска камера “Браќа Манаки”, “Skopje design week” и на други манифестации во Македонија.