Во рамки на прославата на Денот на независноста на Република Македонија, 8.Септември, денес во Спомен-куќата на Блаже Конески во неговото родно село Небрегово ќе се одржи свечен собир. Во делегацијата на Владата на РМ, покрај министерот Алаѓозовски се и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.
На настанот учествуваат претставници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Друштвото на писателите на Македонија, локалната самоуправа на Прилеп и на Долнени, членови од Советот за македонски јазик при Министерството за култура, истакнати јазичари, претставници на граѓанскиот сектор и јавноста.
Свеченоста ќе ја отвори претседателот на фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, проф.д-р Трајко Стаматоски, а на гостите ќе се обрати и министерот за култура во Владата на Република Македонија, Роберт Алаѓоовски. Со свое обраќање, Собирот ќе го затвори секретарот на Фондацијата, професот Атанас Конески кој ќе интерпретира стихови од Блаже Конески.