Заев: Владата ги поддржува иницијативите за подигање на стандардите во болниците

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ја посети Градската општа болница „8 септеври“, која денеска го прослави својот патронен празник.

Премиерот Заев, во придружба на заменик министерот за здравство Гоце Чакаорвски, присуствуваше на свеченоста по тој повод и се задржа во куси разговори со раковдството и стручниот персонал на болницата.

Во оваа прилика беше истакнато дека Владата на РМ целосно ги поддржува иницијативите за подигање на стандардите во болниците што беа најавени од страна на стручниот и раководниот тим.