УМС на „Младински маалски средби“ во Охрид со јасна порака: Победуваме во прв круг

Победничката атмосфера на средбите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува во сите градови каде што се случуваат маалски средби, кои се последната организирана активност на младинската организација на опозициската партија, каде што тие ги слушаат проблемите и потребите на младите од Македонија.

Вчера Унијата на млади сили имаше маалска средба во Охрид, каде што се собраа голем број млади луѓе, кои порачаа дека победата за ВМРО-ДПМНЕ во Охрид е сигурна и тоа уште во првиот круг.

Младите јасно порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која силно работи за потребите на младите во државата, а претставниците на УМС кои беа во Охрид, предводени од претседателот Владимир Нелоски, порачаа дека по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, младите повторно ќе го добијат својот партнер кои секогаш беше тука да им помага.

Младите порачаа дека младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посплотена и не биле толку решени да ги сочуваат темелите на државноста на Република Македонија, а како што велат младите од ВМРО-ДПМНЕ со потезите кои ги прави новата Владата на СДСМ директно се удира по истите.

По маалската средба членовите на УМС и други млади лица од Балканскиот Ерусалим, имаа кафе дружба, каде што исто така можеше да се осети голема победничка атмосфера на лицата на сите.