СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 29.07.2017 година во 19:10 часот во пицерија во Охрид, пријавениот ја малтретирал и упатувал закани на девојката, со која претходно бил во љубовна врска.
Пријавениот ја удирал со раце во пределот на главата и телото, по што и го одзел паричникот во кој имало околу 2000 денари и го напуштил објектот.