Кривична за охриѓанец и битолчанец поради затајување и фалсификување или уништување на деловни книги

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Н.(31) од Охрид и Д.А.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во периодот од 2016 година до март 2017 година Н.Н. како лице вработено во кујна во ресторанот ДООЕЛ Филип-ресторан „Белведере“ по усна дозвола од неговата претпоставена ставал потпис на фактури за влез на стоки во ресторанот кои што ги доставувал Д.А. кој бил вработен во Црмат-Битола, а при тоа робата воопшто не била примена во ресторанот, за што за возврат од Д.А. добивал одредена парична сума како награда, со што и двајцата се стекнале со противправна имотна корист и предизвикале материјална штета од 125.337 денари.