Народен театар Охрид, во четврток 14.09.2017 ќе гостува на седмиот по ред Интернационален театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. Охридскиот Народен театар, со почеток во 20:00 часот ќе ја изведе претставата „Аналфабет” – комедија работена според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат: Горан Стојаноски како Максим Благадуша, Никола Тодороски како Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски како Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.