Делегација на Општина Охрид, во која беа советниците Љупчо Настоски и Коста Трифуноски, на покана од градоначалникот Иван Босанчиќ беа во посета на збратимениот град Винковци. Во рамките на посетата тие ги проследиле настаните на манифестацијата „Винковачке јесени“, а се сретнале и со претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ и пратеникот во Хрватскиот сабор, Младен Карлиќ.