Јавна анкета и јавна презентација за ДУП за УЗ 9, дел од УБ 9.1, Опфат 2 – дел 1

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр.19-5176/ од 14.09.2018 год. Градоначалникот на општина Охрид дава

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЗАЕДНИЦА 9, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 9.1, ОПФАТ 2 – ДЕЛ 1, ОХРИД, ОПШТИНА ОХРИД НАЦРТ ПЛАН 2013 – 2018

1. Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 9, дел од УБ 9.1 – опфат 2 – дел 1, Охрид, општина Охрид е опфат со површина од 9.15 ха и тоа во граници на:
– на север по оска на магистрална улица „Железничка“, дефинирана по постоен ГУП
– на запад оска на собирна улица „Пирин Планина“ дефинирана по постоен ГУП
– на југ по оска на улица „Крали Марко“ дефинирана по постоен ДУП, продолжува на север по оска на улица ,„Крали Марко” дефинирана по постоен ДУП, продолжува на исток по оска на пешачка и пристапни улици и граница на градежни парцели дефинирани со постоен ДУП

2. Јавната анкета ќе трае од 21.09.2017 – 04.10.2017 год.

3. Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 27.09.2017 год (среда) со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од j во просториите на општина Охрид.

6. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.