Кривична пријава за охриѓанец кој физички ја нападнал сопругата и нанел телесни повреди

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година околу 15 часот и 30 минути во семејна куќа во Охрид. Тој, започнал жестока вербална расправија со неговата сопруга по што и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и целото тело.

Од силината на ударите, оштетената се здобила со повреди и набиеници, а потоа пренесена во Општата болница во Охрид каде и била пружена неопходна медицинска помош.