СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои:
„Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство ги реализираат ветувањата дадени кон граѓаните, усвоен е Законот за минимална плата и веќе од следниот месец на работниците ќе им се исплаќа повисока плата од 12.000 денари, а фирмите ќе бидат финансиски поддржани од државата во реализацијата на оваа мерка.
Ова е првиот значаен чекор со кој се отвора спиралата на севкупен раст на платите, а ефектите директно ќе ги почувствуваат околу 130.000 работници кои ќе добиваат повисока плата.
Со овој закон се исправа долгогодишната неправда кон работниците од кожарската и текстилна индустрија кои исто така ќе земаат минимална плата во висина од 12.000 денари, за разлика од претходно кога земаа плата пониска од минимално утврдената.“– стои во соопштението.