Екипите на ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните работи, вчера започнаа со акција за темелно расчистување на ул. „Железничка”од наноси на песок, земја и трева. Тревата се отстранува со шпакли покрај жардинериите и на тротоарот, и се извршува темелно метење на целата улица. Поради должината на делницата, екипите ќе бидат ангажирани и во наредните денови.