Попладнево се случи ждрепката за редоследот во единствената листа на кандидати – редоследот на гласачките ливчиња во Државната изборна комисија. Листа на кандидати за членови на совет и листа на кандидат за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини.
Вака ќе изгледа гласачкото ливче:
СДПМ 1
Коалиција алијанса НДП 2
ДУИ 3
Коалиција за Битола ДУИ БЕСА И АЛИЈАНСА 4
ЗАЕДНО ЗА ГАЗИ БАБА ПРЕДВОДЕНА ОД БЕСА 5
НДМ 6
ВМРО-ДПМНЕ 7 во Теарце и Центар Жупа
ДВИЖЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО НА ТУРЦИТЕ 8
АЛИЈАНСА 9
ТМРО 10
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ 11
ГРОМ 12
КОАЛИЦИЈА НА ВМРО 13
БЕСА 14
ДПА 15
Левица 16
ПДП 17
СОЈУЗ НА РОМИТЕ 18
СДСМ 19
Најдоцна до 21 септември, пак, општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник. Во оние општини во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се објавуваат покрај на македонскиот и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.
Денеска завршува и рокот од пет дена до кога политичките партии ќе можат да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список. Избирачкиот список во кој се извршени сите промени отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 24 септември.
https://drive.google.com/file/d/0B8ZpCwro9h-zUzhQaUNjYV9aWG8/view
Извор: Нет Прес