СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава пријава против И.З.(57) од Штип поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување “.
Пријавениот како службено лице, градоначалник на општина Штип, ја искористил службената положба и овластување преку склучување на штетен Договор со правното лице од Штип, спротивно на законските прописи и без наведен основ за склучување на истиот.
Имено, И.З. пребил наплатени парични средства во висина од 1.567.619 денари по основ на уредување на градежно земјиште за парцела на ул.„Гоце Делчев“ бб Штип од 2004 година, и наместо да изврши наплата на парични средства во висина од 1.899.918 денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во Индустриската зона Запад во Штип (која во урбанистичките планови постои од 2014 година), пријавениот наплатил само 332.299 денари со што и нанел штета на општина Штип, а на правното лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1.567.619 денари.