Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) започна нова кампања, „Нашето име е Македонија“, со која бара веднаш да престанат расистичките, антимакедонски преговори за името, со билборди во Скопје, Битола, Тетово, а наскоро и во други градови низ Македонија, заедно со телевизиски и радио реклами, огласи во весници и на интернет, прес-конференции и стотици илјади летоци.
ММДЧП ги повикува сите македонци, но и другите кои ги поддржуваат најосновните човекови права, да се придружат на нашиот повик. Бараме македонските организации да се огласат со изјави во поддршка на нашата кампања и да направат притисок Македонија ВЕДНАШ да ги прекине преговорите за името.
Како што прашуваме на нашите билборди, КОЈ ВИ ДАДЕ ПРАВО ДА ПРЕГОВАРАТЕ ЗА МОЕТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ? Специјалниот претставник на ООН, Метју Нимиц, тврди дека не се преговара за македонскиот идентитет, но преку Договорот со Бугарија, Законот за јазици, јавни изјави на македонски, американски и европски политичари гледаме дека се преговара токму за македонското ИМЕ и ИДЕНТИТЕТ, како директен резултат од преговорите за името. ММДЧП повторува дека сегашните граѓани и политичари на некоја земја немаат право да преговараат за вековен национален идентитет.
Како што Метју Нимиц неофицијално му кажа на ММДЧП: „Да бев македонец, НЕМАШЕ да преговарам за името.“ И Нимиц и американскиот Стејт Департмент му кажаа на претседателот на ММДЧП, Бил Николов, дека НЕ БИ имало апсолутно никакви последици ако Македонија престане да преговара за името и идентитетот. Освен тоа, и покрај нивните јавни изјави, Стејт Департментот на САД кажа дека нема решение за прашањето за името, и ЕДИНСТВЕНИОТ логичен следен чекор би бил Македонија да ги ПРЕКИНЕ ПРЕГОВОРИТЕ.
Како што ММДЧП постојано повторува, вештачкиот спор за името е клучното прашање кое негативно влијае не СИТЕ аспекти од животот во Македонија. Преговорите за нашето име се вистинската причина зошто Македонија не е во ЕУ и НАТО. Причината заради која Западот бара од нас да го смениме името е ТОКМУ ТОА ШТО Македонија преговара за името. Нашето име е Македонија. Нашиот идентитет е македонски. ВЕДНАШ ПРЕКИНЕТЕ ГИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО.