Светски ден без автомобили

Секоја година, на 22 септември или околу тој ден, луѓето од целиот свет се собираат на улиците, раскрсниците за да го потсетат светот дека не мора да се прифати општеството во кое доминираат автомобилите.

Но, тоа не треба да биде само еден ден, на денот од прославата, а потоа да се вратиме во „нормален“ живот. Кога луѓето ќе излезат од своите автомобили, тие треба да останат надвор од своите автомобили. Од нас зависи, од нашите градови и од нашите влади, да помогнат да се создадат трајни промени во корист на пешаците, велосипедистите и другите луѓе кои не возат автомобили.

Нека светскиот ден без автомобили биде пример за тоа како нашите градови може да изгледаат, да се чувствуваат и да звучат без автомобили… 365 дена во годината.

Додека климата се загрева, Светскиот ден без автомобили е совршено време да се тргне топлината од планетата. Исто така, време е градските планери и политичари да им дадат приоритет на велосипедизмот, пешачењето и јавниот транспорт, наместо на автомобилите.

WebOhrid