Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“ и едно казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.О.(26) од Струга. Истиот издржувал затворска казна во Казнено поправната установа во Прилеп од каде бил пуштен на дводневен викенд во Струга.
Пријавениот, казнените дела ги извршил во текот на минатиот месец употребувајќи подесен алат со кој ги скршил стаклата од два патнички автомобили паркирани во близина на фудбалскиот стадион во Струга.
На 19 и 20-ти август во времето од 13:30 до 14:00 часот, пријавениот, користејќи соодветен алат, извршил кршење на задните стакла од патнички автомобили марка „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски ознаки и „Голф“ со тетовски регистарски таблички, по што влегувал во возилата и вршел пребарување во внатрешноста. Притоа, одземал пари, облека, ташни и други предмети. На 20-ти август околу 14 часот, по претходно извршена кражба во возило, пријавениот се упатил на плажата во близина на стадионот. Тука тој бил фатен во момент кога сакал од алиштата на жител на гостиварското село Дебреште да одземе ташна во која имало 500,оо денари.