Статичните велосипеди во Холандскиот парк долго време не се во функција

Статичните велосипеди во Холандскиот парк подолго време не се во функција. Недостасуваат педали на секој од нив, а недостасува и таблата на која пишуваше за оваа донација.

И покрај тоа што надлежните во неколку наврати извршија нивна санација, сепак тие не можат да излезат на крај со вандалите кои „се дежурни“ 24/7.

Имено, овие статични велосипеди беа подарок од Кралството Холандија во 2011 година. Тогашната амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини за Холандскиот парк во Охрид изјави дека тоа е место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома.

Деновиве, може да се видат љубопитни туристи околу овие велосипеди, барајќи барем еден исправен, но тоа го нема. До следната нивна санација, овие велосипеди можат да служат само како музејски експонати.

WebOhrid