Претседателот Иванов ќе се обрати на отворањето на 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 23 септемврi, ќе се обрати на свеченото отворање на 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, со почеток во 21:00 часот во Домот на културата во Битола.

Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки” традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија.