Шкендија го совлада Нефчи и оди во следната рунда од Лигата Европа

Откако на дуелот пред седум дена одиграа без голови, денес во повратниот дуел Шкендија успеа да го совлада Нефчи и да се пласира во следната рунда од Лигата Европа.

На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Шкендија минимално го совлада Нефчи со 1:0, а голот го постигна Бесарт Ибраими во 31 минута. Работата дополнително ја олесни и Ванче Шиков кој „заработи“ два жолти картони, односно црвен картон во 72 минута со што гостите од Азербејџан до крајот од натпреварот играа со играч помалку.

Во третата рунда од квалификациите за Лигата Европа Шкендија ќе игра против Млада Болеслав. Првиот натпревар е на 28 јули во Скопје, додека пак реваншот е на 4 август во Млада Болеслав, Чешка.

WebOhrid